X
 19.07.2015 Култура

Девојката која ја расплака Меркел останува во Германија

Изминатата недела, Ангела Меркел расплака млада Палестинка за време на телевизиска емисија. Имено, девојчето и нејзиното семејство се имигранти во Германија. Таа учествувала во телевизиска дебата на германска телевизија, на која гостувала и премиерката Ангела Меркел.


Во емисијата Меркел изјавува дека Германија не може да ги прими илјадниците луѓе во камповите за мигранти во земјата. Реакцијата на младата девојка ги поттикнала политичарите да го променат законот.

- Не ја знам личната приказна на оваа млада девојка, но таа течно зборува германски и се гледа дека овде живее долго време - изјави Министерот за интеграција, Ајдан Озогуз.

- Токму затоа го променивме законот, така што добри интегрираните млади луѓе може да добијат дозвола за живот - додава тој.

Во текот на емисијата, младата девојка ѝ објаснила на Меркел како пристигнала во Германија со семејството пред четири години.



- Имам цели како и сите други. Сакам да студирам како нив. Навистина е тешко да се види како другите може да уживаат во животот, а вие не можете да уживате со нив.

Портпаролот на градоначалникот на градот Росток, кадешто живее девојката, изјави дека градот нема намера да ја испрати девојката со нејзиното семејство назад во Либан.

Германија изминатата година прифатила 200.000 имигранти, а оваа година очекува 450.000.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура