X
 19.07.2015 Живот

Како да се заштитите од жештините и топлотниот бран

Жештината е насекаде, и вие уште треба и да работите. Како да се победи жештината и да се чувствувате разладено? Ако се уште сте облечени во фармерки, тесна облека, синтетика, пиете многу кафе и работете со лаптоп во скутот, време е да научите неколку трикови и да уживате во добрата страна на летото.

Спуштени ви се ролетните, по улица кога шетате се движите под сенка, носете широка шапка, не излегувате по најголемите жештини? Тоа е ок, а сега уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги пребродите полесно овие жештини.

 

heat-wave


1. Соблечете ги чевлите, патиките и останатите затворени обувки

Потта од твоите нозе ќе испарува а со тоа и ќе се излади кожата и крвта во нозете. Преку крвотокот ладната крв ќе циркулира и до другите делови на телото.

2. Исклучете го компјутерот

Ако пред компјутер не сте повеќе од 10 минути, може да го исклучите.  И покрај советите на некои експерти, дека не е препорачливо често да се вклучува и исклучува компјутерот, денешните компјутери немаат проблем со вклучување и исклучување. И немојте да го користите лаптопот во скутот,премногу се вжештува.

3. Клима уредот и вентилаторот треба да работат заедно

И двата уреди за ладење треба да работат заедно. Климатизерите ја отстрануваат влагата од воздухот додека вентилаторот помага во испарувањето на потта и го отстранува топлиот воздух од вас. Имајте на ум дека вентилаторите не ја намалуваат собната температура, туку моментално ни го разладуваат телото. Исклучете ги пред да ја напуштите просторијата.

4. Попрскувајте со вода

Чувајте распрскувач со вода во фрижидер. Кога станува жешко распрскајте се на лицето. Додека водата испарува, ќе се ладете. Попрскајте ги и нозете, зглобовите, тоа е добро за да се излади крвта и да се движи подобро низ вените.

5. Вентилатор и чинија од мраз

Ако е жешко, но не е влажно, искористете плиток сад полн со мраз и ставете ја во предниот дел на вентилаторот - Уживајте во поветерецот. Додека мразот се топи, водата ќе испарува и ќе ве лади.

6. Луто, луто луто

Луѓето кои живеат во топлите краишта често јадат луто. Chili Peppers (лути пиперки) содржат capsaicin, хемикалија која предизвикува полесно потење. Поради испарувањето на потта, чувствуваме краткорочно олеснување.

7.Вода, вода,вода

За да се компензира течноста за време на потењето, треба често да се пие вода. Ако сте дехидрирани, вашата телесна температура ќе се зголеми, така што водата е потребна за ладење. Избегнувајте пијалоци кои содржат алкохол, кофеин и многу шеќер, бидејќи од нив може да се дехидрира. Покрај тоа, јадете храна богата со вода, како што е лубеницата или супата.

 

sports_drinking-water


8.Научете како да се облекувате

Освен Coolmax и Nano-Tex, избегнувајте синтетика. Овие два материјали се исклучоци затоа што пред се наменети за спортисти. Најдобро е ако потта испарува од кожата директно во воздухот. Втората најдобра опција е да потта брзо да се впива од кожата на облеката и така да испарува.

 

 ДОПОЛНИТЕЛНО

 КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН?

 

СЕ ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ДЕКА ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ЗА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ МОЖЕ ДА СЕ ЈАВАТ НА БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА МАКЕДОНИЈА:
 
SOS  БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН- 02/ 32 21 902 (10-18 h) повеќе инфо

 

heat-wave

 

Општи препораки за заштита од топлотниот бран. Препораки од Министерството за Здравство,Светската здравствена организација,Црвениот крст на Република Македонија.

 

    Пред употреба задолжително миење на земјоделските, градинарските производи(свеж зеленчук и овошје)

    Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загрее на +100 степени.

    Избегнувајте производи кои термички не се обработени пр. мајонези од домашни јајца, а внимателно консумација на сладолед и разни кремови.

    За време на топлиот период во денот(од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч.

    Носете светла и лесна облека,(зошто светлите бои ја рефлектираат светлината) а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.

    Останете во затворени климатизирани простории(обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот,а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

    Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.

    Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.

    При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

    Туширајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Алтернативно, ставете ладни облоги и чувајте ги нозете во студена вода.

    Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!

    Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

    Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во поладно место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура.

    Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.

    Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

    Консултирајте се со својот доктор доколку почувствувате невообичаени симптоми или ако симптомите траат подолго време!

    Ако некој член од Вашето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194!Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облози на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;Мерете ја телесната температура.Не давајте терапија;Ако лицето е во бессознание, не треба да лежи на грб, туку свртете го на страна.

За повеќе информации посетете ја страната http://www.toplotnibranovi.mk/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот