X
 21.07.2015 Технологија

Apple може да ви каже кои производи можете да си дозволите да ги купите

Apple ја развива идејата за продажба на производи за кои знае дека можете да си ги дозволите.

 

apple


Новата патентирана апликација поднесена од страна на технолошкиот гигант ќе им даде моќ да таргетираат клиенти со реклами врз основа на нивните приходи и граници на кредитните картички.

Едноставно кажано, системот ќе може да го измери стусот на вашите кредитни и дебитни картички и вашиот достапен баланс, а потоа да ви прикаже мобилни реклами за производи и услуги кои ќе бидат во рамките на вашите можности за плаќање.

Во основа, доколку не можете да си овозможите одреден производ, тогаш нема да ја видите рекламата за него. Главниот пристап е очигледен: подобро таргетирање, што е совршено во потрагата по тоа рекламите да се порелевантни за потрошувачите.

„Предност на ваквото таргетирано рекламирање е дека само рекламите за стоки и услуги кои одделни корисници можат да си ги дозволат, се доставени токму до тие корисници“, вели апликацијата.

Со оглед на тоа што луѓето го третираат нивниот iPhone како дел од нивниот живот, Apple има прилично јасен поглед кон деталите од вашиот личен живот и секојдневните навики - важна алатка за агенциите за реклами кои бараат да допрат до правилниот клиент. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија