X
 21.07.2015 Наука

Стивен Хокинг и руски милијардер тргнуваат во потрага по вонземски живот

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг вчера изјави дека започнува соработка со рускиот милијардер Јури Милнер за да најде вонземски живот. Новата иницијатива е овозможена од милијардерот, кој ќе вложи дури 100 милиони долари за да се постигне целта.


За време на прес-конференција во Лондон, Хокинг изјавил: „Нема поголемо прашање. Време е да се посветиме да го најдеме одговорот за потрагата по живот надвор од Земјата. Интелигентни сме, живи сме, мора да знаеме“.

Кој е рускиот милијардер кој вложува за оваа цел?

Јури Милнер има историја на инвестиции во компании во Силицумската долина, меѓу кои и „Фејсбук“. За новата инвестиција изјавил дека потрагата по живот во универзумот за него има слична претприемачка цел како и останатите инвестиции.

Фондот за таканаречениот проект „Откритие слушај“ е една од најголемите инвестиции досега во потрагата по вонземски живот. Освен тоа, за научниците ова значи и пристап до некои од најмоќните телескопи во светот.


Научниците кои ќе бидат дел од проектот за медиумите изјавиле дека проектот ќе открива радари од секоја од најблиските 1.000 ѕвезди околу нас и слаби ласери од неколку светлосни години од нас. Потрагата ќе опфати милион ѕвезди, галактички центар колку целиот Млечен пат и 100 блиски галаксии. Милнер планира да ја финансира програмата најмалку една деценија, иако научниците се согласуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се најде потребниот доказ за вонземски живот.

Освен Стивен Хокинг, во проектот се вклучени и други генијалци, како Мартин Рис од „Кембриџ“, Питер Ворден и Ен Драјан, вдовица на астрономот Карл Сејган.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука