X
 22.07.2015 Интервјуа

Интервју со Ардијана Љаља - студент на генерација на УТМС: Без пракса, немаше да бидам "мастер" во она што го работам



Интервју - Ардијана Љаља, студент на генерација при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Kако е да се биде студент на УТМС?
- Студирам на Економскиот факултет при Унверзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Студирањето на овој универзитет се состои од теорија и пракса, што претставува баланс со цел да има максимален ефект од секоја активност. Праксата е важна, но без теоретската поткрепа која ја нуди овој универзитет, никогаш немаше да успеам да бидам “мастер” во она што го работам. Никогаш немаше да отидам на следното ниво. Она што ми даде праксата е само усовршување во едно одредено ниво, бидејќи ќе работев единствено со знаењето што го поседувам во моментот. Теоријата е важна, но ако имаме само теоретско знаење, тогаш тоа никогаш нема да има своја применета вредност. Знаењето може само да ве направи погорди, но без апликација на тоа знаење не може да ја оправдате таа гордост (ни пред себе ни пред другите). Ова е тоа што го прави студирањето на овој универзитет квалитетно. „Знаење не е доволно, ние мора да применуваме. Сакање не е доволно, ние мора да правиме.”

По кој критериум си одбрана за најдобар студент на УТМС?

- Главните фактори за постигнаиот висок просек и успех на овој универзитет се мотивацијата, истрајноста и акцијата која ја постигнав со помош на професорите и асистентите на овој универзитет, особено деканот на Економски факултет проф. д-р Сашо Кожухаров. „За чудо мора да се помолиме, но за успехот мора да работиме.”

Кои се твоите планови за во иднина?
- Мојата замисла е да бидам подобра од тоа што бев вчера. Еве една вистинска приказна: Последниот мотивационен говор на еден професор, од реномиран универзитет во Америка, бил со цел да ги “испрати” дипломците на пат кон градење на својата професионална кариера. Имено, покрај убавите и мотивирачки зборови, на крајот им се обратил со следната реченица: “Се надевам дека никој од вас нема да ги оствари своите цели”. Сите се вознемириле, бидејќи никој не очекувал дека нивниот омилен професор ќе ги демотивира на тој начин. Меѓутоа, објаснувањето на професорот било: „Ако ги остварите своите цели во животот, тогаш тоа значи дека тие цели сте ги поставиле многу ниско”.

Дали планираш да останеш да работиш и живееш во Македонија, или, пак, се гледаш себе си надвор од земјава?
- Авантурист сум по природа и сакам да го „откривам“ светот. Сакам да запознавам нови култури и да го „опипам“ начинот на живот. И како таков човек би сакала да имам искуства и надвор од земјата. Меѓутоа, ја сакам Македонија, во неа има можност за развој во професионална кариера и сакам да придонесувам во неа и за себе. Но сепак, единствено нешто што е вечно, е промената.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа