X
 22.07.2015 Образование

Над половина хрватски матуранти одбираат факултет за работа во ЕУ

Интернет-страницата „Средња“ од Хрватска заедно со високата школа „Алгебра“ и партнерите ХТЦ Хрватска и „Камел актив“ спроведоа истражување на матурантите во Хрватска во врска со нивните планови за запишување на студии.


Истражувањето потврдува дека на матурантите најмногу влијаат трошоците на студиите и вредноста на дипломата надвор од границите на земјата кога одбираат студии. Истражувањето било спроведено на 2.000 матуранти и бруцоши во Хрватска. Две третини од младите кои биле дел од истражувањето се родени во 1996 година, а останатите во 1995 и 1997 година.

Самостојно одбирање факултет

Кога станува збор за изборот на студии, 82% од младите изјавиле дека тоа го прават самостојно, 54% од нив размислуваат за тоа што ќе им донесе најдобри шанси за вработување во Европската унија, а 49% за вработување во Хрватска.

Само 9,5% од младите се одлучуваат за факултет за да останат со пријателите и познаниците. Притоа, на матурантите не влијае речиси никој, а од малиот дел кој ги слушаат советите на останатите, најмногу им веруваат на познаниците кои работат во областа, членовите на блиското семејство и пријателите кои веќе студираат на некој од факултетите. Само 6,9% од матурантите се под влијание на професорите кога се запишуваат на факултет, а 5,3% од соучениците.

Трошоците се важен фактор

При запишувањето на одреден факултет според финансиите, најмногу влијае близината на факултетот (25%) како и вкупните трошоци на студирањето со сместувањето и храната (28%).

Значаен дел го менуваат мислењето

Дури 93% од денешните бруцоши се запишале на факултет кој се наоѓал меѓу првите три избори, од што 61% се запишале на факултет кој им бил прв избор. Меѓутоа, дури 27% од бруцошите сакале да го променат факултетот по летниот рок за уписи. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование