X
 23.07.2015 Образование

Барате бесплатни студии во Европска Унија? Можете да ги најдете во УИТМ!

ЗАПИШУВАЊЕТО НА УИТМ СЕ`УШТЕ ТРАЕ – СТУДИРАЈТЕ ЕВРОПСКИ!

Конечно дојде време да одлучите за Вашата иднина. Во контекст на тоа, Универзитетот за Информатичка Технологија и Менаџмент во Жешов (Р.Полска) како и секоја година има подготвено атрактивна образовна понуда. Одберете ги студии кои Ви овозможуваат стабилна иднина и атрактивен студентски живот.

Првата фаза на упишување трае до 31 јули 2015 година.



Едуцираме практично

Благодарение на соработката со бизнис-секторот УИТМ нуди практично и атрактивно едуцирање на европско ниво. Центарот за Кариера на УИТМ ги испраќа студентите на разни платени стажирања и пракса, а дополнително им овозможува учество во многу европски проекти, школувања и курсеви во рамките на избраните студии. Академскиот кадар е составен од голем број еминентни и истакнати професори од ЕУ и странство, кои имаат доволно пракса во своите области и со голема доза на страст и ентузијазам ги пренесуваат своите знаење на студентите. Со сите овие поволности кои ги нуди УИТМ успешно Ве подготвува и воведува во обврските кои ќе ги имате на работното место, за градење на успешна кариера во вашата област.

Барате бесплатни студии во Европска Унија? Можете да ги најдете во УИТМ!

На 5 август 2015 година во нашето претставништво во Скопје ќе се одржи тест наменет за општо знаење и интелигенција. Секоја година 60% од учестниците на овој тест добиваат делумна или целосна стипендија од сопствени средтсва на УИТМ.

Во академската 2014/2015 година, УИТМ има доделено на 1.118 студенти стипендија која покрива 100% од школарината, а над 900 студенти добиле стипендија со 50% од школарината. Тоа значи дека над 50% од странските студенти студираат бесплатно или добиваат делумна стипендија.

ВАЖНО: да аплицирате за стипендија потребно е до 31 јули 2015 да ги доставите потребните документи* во нашето официјално претставништво во Скопје.

Инфо-Центар УИТМ
Бул. "Гоце Делчев" бб, 1000 Скопје.
Телефон за контакт: +389 72 25 50 57 или на +389 2 312 5500

*Сите потребни документи за упишување на УИТМ можете да ги најдете на следниов линк (Чекор 2): http://kandydaci.wsiz.rzeszow.pl/mk/admissions

Богат студентски живот во Жешов.



Покрај практичното едуцирање, УИТМ дополнително Ви нуди богат студентски живот. Имено, цела академска година è исполнета со разни конкурси, концерти, изложби и забавни активности, меѓу кои се: „Јувеналија“, најголема студентска тродневна забава во југоисточна Полска во која учествуваат секоја година над 50 илјади студенти.

Градот, каде се наоѓа УИТМ, со повеќе од 200 илјади жители è атрактивна дестинација за студенти, не само од Полска, туку и од западно-европските земји. Студенскиот живот може да биде исполнет со многу забава и културно-уметички активности, бидејќи градот Жешов поседува мноштво со кафулиња, галерии, музеи, театри, спортски центри, кино-сали и други рекреативни комплекси. Имено, тој е прогласен во 2014 година, за најстудентски град во Европска Унија по број на студентите, кои ги има над 60 илјади.

Во однос на стандардот на безбедност, се наоѓа на 2-ро место, како еден од најбезбедните градови за живеење во Полска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование