X
 23.07.2015 Живот

Може и поинаку со мигрантите


Неодамна, Министерката за внатрешни работи на Австрија Јоана Мики-Лајтнер најави дека земјата ќе престане да прима барања за азил поради големиот број мигранти кои доаѓаат од Азија и Африка. Но, постои и една друга Австрија која е полна со добри и праведни луѓе кои сакаат да помогнат.

Една група од такви луѓе работи во противпожарната станица на брегот на Дунав во северот на земјата. Во понеделникот неделава, на температура од 36 целзиусови степени, пожарникарите од станицата ги вклучиле цревата за да разладат 78 Сиријци, голем дел од кои биле деца.

Лукас Рајзингер, волонтер пожарникар, изјави за медиумите:

- Ден порано им донесовме гардероба. Седев дома и разговарав со семејството за жешкото време. Се прашувавме дали тие знаат дека на само два километри од нив има езеро. Решивме да им донесеме вода. Слушнав дека има луѓе кои велат дека ова е нерационално трошење вода. Знам дека има такви луѓе. Но, насмевките на овие деца немаат цена.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот