X
 26.07.2015 Наука

Што треба да знаеме за новооткриената планета слична на Земјата?

Во јануари оваа година научниците претпоставуваа дека во Сончевиот систем постојат барем две планети кои се слични на нашата, а НАСА пред неколку дена откри нова „Земја“. Новата планета беше откриена со телескопот „Кеплер“, откаде што е и нејзиното име, Кеплер 452Б. Телескопот досега пронајде илјада планети, но ова е првата која е слична на Земјата. „Индепендент“ објави некои факти кои треба да ги знаеме доколку сакаме да го разбереме значењето на откритието.


Ова е најслична планета на Земјата

Џон Гренсфелд, соработник на НАСА во научната мисија изјави дека откритието е важно бидејќи оваа планета е најслична на Земјата досега. Нејзината величина, должината на годината и условите на површината се многу слични како оние на Земјата.

Годината трае како нашата

Кеплер 452Б ја обиколува својата ѕвезда за 385 дена, односно 20 дена подолго отколку Земјата својата ѕвезда.

Оддалеченост од ѕвездата

Кеплер е постар милијарда и пол година од нашето Сонце. Но, планетата се наоѓа на совршена оддалеченост од својата ѕвезда. Од НАСА сметаат дека на површината на оваа планета може да се живее или некогаш можело да се живее.

Можност за активни вулкани и вода

Планетата има совршена температура за вода на површината, а знаеме дека водата е клучна за развој на живот. Моментално се работи со геолози за да се открие што се наоѓа на површината на планетата, а се претпоставува дека се работи за карпеста планета под чија површина можеби има вулкански состав.

Луѓето би можеле да живеат таму

Новата планета е малку поголема од Земјата, поради што има двојно посилна гравитација отколку Земјата. Сепак, научниците велат дека луѓето би можеле да живеат на планетата и да се прилагодат на таа гравитација.

Растенијата би можеле да растат

Ѕвездата на Кеплер 452Б е поголема од нашето Сонце. Енергијата која планетата ја добива од својата ѕвезда покажува дека таа е незначително потопла од Земјата, но и дека на неа би можеле да растат растенија. Со самото тоа на планетата би имало кислород.

Невозможно е да отидеме таму

Покрај сите поволности за живот, планетата е на оддалеченост од 1.400 светлосни години од нас. Поради тоа, потребно би било многу време за да се стигне дотаму. Кога би испратиле вселенско летало до планетата би му требало 26 милиони години за да стигне.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука