X
 27.07.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?



Во Македонија во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Ветерот ќе престане па се очекува да дува слаб претежно јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 9.

Во следните денови не очекува сончево и многу топло време со тропски температури.

Во вторник и петок дневните температури ќе достигнат до 30 односно до 41 степен, а во среда и четврток се очекуваат повисоки и тие ќе се движат во интервал од 31 до 42 степени. Во овие денови ќе биде и висока вредноста на УВ индексот која ќе има вредност 10, затоа бидете внимателни и придржувајте се на препораките.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот