X
 04.08.2015 Технологија

Егзоскелетот кој ќе ни дава натприродни моќи во блиска иднина

Сите знаеме дека вештачката интелигенција е иднината на светот. Машините веќе ги заменуваат луѓето во многу делови од животот. Причината за тоа е едноставна: роботите се прецизни, ефикасни и немаат изговори.


„Панасоник“ доаѓа со револуционерна вест во врска со роботите. Наместо да ги замени работниците со роботи во фабриките, компанијата сака да им даде роботски способности на луѓето. Тоа може да се постигне со егзоскелетот изграден од „Active link“. Уредот е моќен, но лесен. Тој тежи само 6 килограми.

Егзоскелетот има потенцијал да им помогне на работниците да ги задржат своите работни места на пазарот, притоа зголемувајќи ја нивната ефикасност.

Употребата на егзоскелети е неизбежен дел од иднината бидејќи со тоа се добива совршена комбинација од моќта на машините и рационалното размислување на луѓето.

„Панасоник“ го тестира егзоскелетот во фабрики во САД и Јапонија.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија