X
 06.08.2015 Живот

Поучна приказна: Позади секој успешен маж стои уште поуспешна жена!

приказна

 

Повеќето луѓе веројатно ја знаат поговорката: „Позади секој успешен маж постои уште поуспешна жена“.


Сепак, судејќи според оваа неверојатна приказна, се чини дека на некои мажи треба да им се освежи меморијата - а оваа паметна жена и тоа како му ја освежи на нејзиниот сопруг.


За среќа, како што поминува времето, се` поголем број на жени се извршни директори и лидери, такашто оваа стара поговорка е стара филозофија. Зошто жените да стојат позади кога можат да бидат напред?

Томас Вилер, извршен директор на „Massachusetts Mutual Life Insurance Company“ заедно со неговата сопруга патувале кога тој забележал дека автомобилот повеќе нема бензин, па одлучил да застане на најблиската бензиска пумпа. Кога стигнале на бензиска, тој му рекол на продавачот  да му го наполни резервоарот, а тој отишол на прошетка.

Како што се враќал во автомобилот, забележал дека продавачот и неговата сопруга весело разговараат. Разговорот запрел како што тој му платил на продавачот. Додека влегувал во автомобилот, тој видел како продавачот се поздравува со неговата сопруга велејќи и`: „Баш ми е мило што имавме можност да разговараме“. Тогаш Вилер ја запрашал неговата сопруга дали го знае мажот. Таа му рекла дека порано, додека била средно, биле во врска околу една година.

„Ама си имала среќа што ме запозна мене“, се пофалил Вилер. „Ако се омажеше за него, ќе беше жена на продавач на бензиска пумпа наместо да станеш жена на извршен директор“.

„Миличок мој“, му возвратила сопругата, „ако се омажев за него, тој ќе беше извршен директор, а ти ќе беше продавач на бензиска пумпа“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот