X
 06.08.2015 Технологија

Стенфорд го претстави својот нов соларен автомобил

1

 

Иако мала е веројатноста самите да видите ваков автомобил во вашето соседство, сепак соларните автомобили не се ништо ново. Првата верзија била создадена од Вилијам Коб во 1955 година, а постојат и соларни автомобили за трки уште од 80-те.


Неодамна Stanford Solar Car Project (SSCP), најдобриот американски тим за соларни автомобили, го претстави својот најдобар автомобил наречен The Arctan. Автомобилот е надградба од нивниот претходен дизајн The Luminos, меѓутоа овој е 50% полесен и ќе учествува на 2015 World Solar Challenge - предизвик кој треба да се одржи во октомври.

 

2


Хаубата на ова возило е покриен со таканаречени SunPower Maxeon клетки, најдобрите на пазарот. Автомобилот е прилично рамен, а возачот седи во мало меурче. Можеби изгледа глупаво, но необичниот дизајн му помага на автомобилот да генерира електрична енергија потребна за да достигне висока брзина. Како дополнителен бонус, Стенфорд вели дека црниот екстериер е лесен за чистење и отпорен на  отпечатоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија