X
 07.08.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот на наредната недела?

Во Македонија петок треба да биде најстабилен во однос на изминатите денови оваа седмица. Се очекува да биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Но во попладневните часови не се исклучува можноста за развој на нестабилна облачност со која ќе услови слаби локални врнежи од дожд.

Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот понекаде во западните предели ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 6.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 36. УВ индекс 6.

Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност, но во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Максималните температури од 26 до 37 степени.

Во недела, понеделник и вторник претежно сончево со локална облачност и топло. во попладневните часови во западните и во југозападните предели се очекуваат врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури во опаѓање и ќе се движат од 10 до 21 степен, а максималните дневни ќе се движат во интервал од 25 до 37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот