Се одржа и првата телевизиска дебата на републиканците кои се кандидати за претседателските избори во САД 2016 година. Дебатата се одржа вчера во Кливленд, во сојузната држава Охајо, а најдоминантен беше Доналд Трамп, чијашто изјава повторно ја шокира јавноста.
На дебатата учествуваа и поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, гувернерот на Висконсин Скот Вокер, поранешниот гувернер на Аркансас Мајк Хакаби, пензионираниот неврохирург Бен Карсон, сенаторот на Тексас Тед Круз, сенаторот на Флорида Марко Рубио, сенаторот на Кентаки Ранд Пол, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи и гувернерот на Охајо Џон Касич. Ви ги донесуваме највпечатливите изјави.
Линк до галеријата.