X
 08.08.2015 Живот

Околу 11% од светот или 800 милиони луѓе се гладни

Многу од нас не се воопшто свесни за тоа колкав проблем претставува гладот низ светот. Доколку одблизу ги гледаме фактите, ќе откриеме дека стотици милиони луѓе низ целиот свет страдаат од глад.

 

глад


Глобалниот глад зборува за тоа колку голем проблем е сиромаштијата и несовесното управување со ресурсите. Милијарди долари се фрлаат на храна секоја година, додека милиони деца гладуваат до смрт. Сфаќањето на изворот и размерот на проблемот се од клучно значење за да можеме да се справиме со него.

За да го ставиме проблемот во перспектива, ви нудиме неколку факти за актуелните проблеми со гладот низ светот.

1. Околу 11% од светот или 800 милиони луѓе се гладни.

 

1


Речиси 11% од населението во светот нема доволно храна, според Организацијата за храна и земјоделие на ОН. Тоа значи дека 800 милиони луѓе немаат доволно храна. Можеби не е изненадувачки што 98% од овие луѓе живеат во земјите во развој.

Додека статистичката распространетост на гладот во Африка е намалена од 1990 година, бројот на гладни луѓе е зголемен од 182 милиони на 233 милиони, со оглед на тоа што континетот доживеа пораст на населението во текот на последните 25 години.

2. 60% од гладните луѓе се жени

Со оглед на половите разлики во целиот свет, особено во сиромашните земји, девојките и жените страдаат кога станува збор за основните потреби како на пример добивање доволно храна. „Овие нееднаквости се смета дека произлегуваат од различниот и подобар третман на момчињата во семејствата“, вели СЗО.

Во некои земји, жените јадат тогаш кога сите мажи од семејството ќе се најадат. Овие разлики дури и влијаат врз бремените жени, што значи дека околу 1 од 6 бебиња во земјите во развој имаат ниска тежина после раѓањето.

3. Гладот е причина за смрт кај речиси половина од децата под 5 години - тоа значи околу 16.500 смртни случаи на ден.

 

2


Повеќе од 6 милиони деца умираат од болести поврзани со глад и неисхранетост, велат извештаите на ОН, а околу 1 од 4 деца во земјите во развој имаат пониска тежина од нормалната. Сепак, тоа е само почетокот на проблемот. Милиони деца кои успеваат да ја преживеат неухранетоста се подложени на неразвивање на телото или мозокот поради нестотаток на јрана. Повеќе од 160 милиони деца под 5 години во светот беа жртви на ова во 2013 година.

4. Има доволно храна која се произведува годишно за да го нахрани целиот свет, меѓутоа залудно се троши.

Светот произведува доволно храна за да ги нахрани сите, но третина од неа се губи или залудно се троши, што е еднакво на 1.3 милијарди тони храна годишно.

5. Скоро четвртина од луѓето во суб-сахарска Африка се гладни

Климатските промени играат огромна улога во тоа зошто повеќе од 220 милиони луѓе се гладни во суб-сахарска Африка. Конфликтите и борбите исто така играат голема улога во предизвикувањето сиромаштија и граѓанските немири во многу од земјите во овој регион исто така придонесуваат за недостатокот на храна.

 

3


6. Со тоа што на жените ќе им се даде поголема моќ во однос на одлуките во домаќинството, може да се намали гладот за повеќе од 150 милиони луѓе.

„Кога жените имаат поголемо влијание врз економските одлуки, нивните семејства имаат поголем приход за храна, образование и детска облека“ вели УНФАО. Давањето на моќ на жените во земјите во развој е еден од најсигурните начини за борба против сиромаштијата и заштита на децата.

7. Гладот предизвикува повеќе смртни случаи од маларијата, туберкулозата и СИДА-та

Недостатокот на храна или несоодветната исхрана убива повеќе луѓе од СИДА-та, маларијата и туберкулозата заедно во комбинација. Иако овие болести се несомнено важни за решавање, оваа статистика ја нагласува итноста за решавање на гладот во светот.

8. Потребни се само 25 центи дневно за едно дете да биде соодветно нахрането

Потребни се само 25 центи за едно детенце да биде добро нахрането. Потребни се само 50 долари за едно дете да биде нахрането во текот на целата школска година.

Екстремно сиромашните семејства често мораат да направат избор дали да го испратат детето на работа во полето за да донесе храна или да го испратат на училиште.

9. Возможно е да се стави крај на гладот

Според проектот наречен „Hunger“, и покрај што се чини дека е невозможно, може да се стави крај на гладот. Големите истражувања направени во последните 25 години покажуваат дека има подобрувања.

Секако, има уште многу да се работи, меѓутоа со самото препознавање на проблемот, светот се соочува со подобрувањата кои можат да се случат. Тоа е важен прв чекор кон ставање крај на гладот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот