X
 10.08.2015 Живот

Германец го прославува најдолгиот роденден патувајќи низ различни временски зони

1

 

Никој не сака неговиот роденден да заврши - затоа Свен Хагемеиер од Германија успеал да го продолжи неговиот роденден скоро два дена, преминувајќи низ различни временски зони.


Во рок од 46 часа, Свен прелетал од Окланд (Нов Зеланд) до Брисбејн (Австралија), а потоа до Хонолулу (Хаваи), постигнувајќи рекорд за најдолг роденден.

Издолжениот роденден на Свен го сруши претходниот рекорд поставен од Наргис Бхими од Карачи, кој го славел роденденот 35 часа и 25 минути преминувајќи временски зони, додека летал од Карачи до Сингапур, а потоа до Сан Франциско во јуни 1998 година.

„Ја знам Гинисовата книга на рекорди уште од моето детство и сум голем фан. Секогаш се прашував дали е возможно самиот да поставам некаков рекорд. Откако најдов совршен рекорд за мене, се чувствував уверен дека ќе го рушам“, вели Свен.

 

2


Во Нов Зеланд Свен се сретнал со Кан, таксист кој му ги покажал сите интересни места на Окланд за само час и пол. Секој сакал да биде дел од неговиот обид за рекорд. За сертификатот кој го добил од Гинисовата книга на рекорди, Свен вели дека е „неверојатен подарок“.

Оваа година тој планира да го прослави неговиот роденден на традиционален начин - со неговото семејство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот