X
 10.08.2015 Живот

Најплатените професии кои се работат од дома

Во последните години се забележува генерално зголемување на популарноста на работите од дома. Луѓето сè помалку прифаќаат да работат „од 9 до 5“, притоа патувајќи до канцеларијата и враќање назад. Со напредокот на технологијата и менувањето на модерниот живот, „фриленсингот“ станува сè почеста професија. Работата од дома може да биде добро платена.


Доколку работите на меѓународно ниво, можеби треба да ги погледнете цифрите на просечните плати за професиите со кои се работи од дома на „Indeed.com“. Во продолжение следува листа од 10-те најплатени професии со кои се работи од дома. Цифрите се за просечната плата на годишно ниво.

1. Преведувач - 132.000 американски долари.

2. Финансиски менаџер - 103.000 американски долари.

3. Софтверски инженер - 94.000 американски долари.

4. Дизајнер на инфографици - 76.000 американски долари.

5. Позајмувач на глас за аудиокниги и игри - 75.000 американски долари.

6. Статистички аналитичар - 69.000 американски долари.

7. Аниматор - 69.000 американски долари.

 8. Организатор на патувања - 56.000 американски долари.

9. Автор - 52.000 американски долари.

10. Графички дизајнер - 52.000 американски долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот