X
 11.08.2015 Образование

Џон Оливер одржа лекција за сексуално образование бидејќи во училиштата е забрането

За последната епизода на „Last week tonight“, американскиот комедијант Џон Оливер се обиде да открие што учат американските деца во поглед на сексуалното образование. Очигледно, никој не го знае одговорот бидејќи повеќето сојузни држави немаат стандарди, па некои ученици понекогаш добиваат медицински погрешни информации. Од друга страна, многу сојузни држави воопшто не вклучуваат сексуално образование во училиштата.

На пример, во Мисисипи, кадешто има речиси најмногу случаи на тинејџерски бремености во САД, наставниците смеат да зборуваат за контрацепција, но не можат да демонстрираат како се користи.

За да посочи кон проблемот со стандардите за сексуално образование во САД, Џон Оливер направи видео во кое се покрива сè што треба да го знаат тинејџерите за сексот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование