Вулканот Јелоустоун би можел да го загрози целиот свет доколку еруптира. Научниците претпоставуваат дека доколку се активира, ерупцијата би била илјадапати посилна од ерупцијата на вулканот Сент Хеленс во 1980-та година, кој експлодирал со сила од бомба од 10 мегатони.
Вулканот Јелоустоун е мирен, но никогаш не е исклучена можноста за неговото будење. Според истражувачите, доколку ерптира, тоа би била вистинска бомба која не само што ќе ја загрози Америка, ами и целата планета со тоа што ќе предизвика нуклеарна зима.
Оваа теорија првпат била развиена во 1980-те години, а неодамна се откри дека вулканот под истоимениот национален парк во САД е многу поголем отколку што се претпоставувало.
Последната голема ерупција на вулканот се случила пред 640.000 години. Научниците велат дека неговата ерупција е неизбежна.
Според проценките, во случај на ерупција би се создал слој од вулкански прав во круг од 1.500 километри, а две третини од САД би бил загрозен со отровни гасови.