X
 11.08.2015 Конкурси

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ на Академијата МЛАДИ на Национален младински совет на Македонија


Национален младински совет на Македонија, во рамките на проектот „Младинска информираност“ организира Академија за млади на тема „Младинска информираност“. Академијата МЛАДИ се предвидува да биде спроведена во 5 дена во периодот од 26 до 30 август. Истата се предвидува да се одвива во 2 модули.

Првиот модул е теориски осврт кон младинската информираност на кој учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сеопфатноста на младинската информираност, што таа значи, нејзината важност и ќе ги детектираат моменталните состојби на информираност за младински прашања на локално/регионално ниво.

Вториот модул е практично ориентиран во две насоки и тоа: индивидулна работа за изработка на Стратешки документи за младинско информирање за нивните матични организации, по која ќе следи работа во мали групи каде учесниците ќе бидат регионално групирани (во зависност од регионот во кој функционира и делува нивната матична организација) за изготвување на Регионални стратегии за младинска информираност во сите 8 региони во Македонија.

Овој процес ќе биде координиран и менториран од страна на тренерите од базата на тренери на НМСМ.

Национален младински совет на Македонија ги повикува сите заинтересирани организации да номинираат најмногу двајца млади, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини за младинска информиранист и креирање на стратешки документи за младинска информираност. Номинациите можете да ги испратите на info@nms.org.mk, најдоцна до 16 август 2015 година.

Оваа активност е дел од проектот „Младинска информираност“ на Националниот младински совет на Македонија, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Издвојуваме

Конкурси