X
 13.08.2015 Технологија

Ова е најмоќната ИТ компанија во регионот



OutFit7 сигурно не ви значи ништо, но „My Talking Tom“ и „My Talking Angela“ сигурни сме дека ги знаете. Неодамна достигнаа 2.5 милијарди симнувања на апликацијата. Компанијата сега нуди целосно забавно искуство за корисниците на мобилните апликации, оригинална YouTube содржина, и голем број на играчки, облека и други додатоци.

Позади оваа компанија стои словенечкиот брачен пар Логин. Минатата година за прв пат овој брачен пар се најде на прво место на листата најбогати Словенци, нивното богатство се проценува на 650 милиони евра. Најинтересно е тоа што на листата од 10-те најбогати Словенци се наоѓаат и двајца од вработените во OutFit7 чие богатство се проценува над 100 милиони евра.



Благодарение на нивната компанија Outfit7 (чија вредност надминува 1 милијарда) Словенија се најде на листата на држави милијардери благодарение на интернетот.



Пред неколку дена оваа компанија ја лансираше и правата multiplayer интерактивна игра со меурчиња MARS POP

која за неколку дена е симната повеќе од 3 милиони пати.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија