X
 14.08.2015 Образование

Економскиот раст на една држава е поврзан со математичките способности на учениците

matematika

 

Истражувањето кое го спроведе меѓународната организација OECD покажа дека математичките способности на учениците се тесно поврзани со економскиот раст во иднина.


ВО истражувањето, научниците ги споредиле резултатите од PISA тестовите со економскиот раст на државата и заклучиле дека земјите во кои живеат ученици со послаби постигнувања во математиката и науката имаат проблеми со економскиот развој во однос на своите можности.

Анализата на статистички податоци покажа дека математичките вештини се најповрзани со економскиот развој и служат како основа за развој на квалитетно критичко размислување и решавање на проблеми.

Како важен аспект од нивниот проект, OECD ја истакна динамичната природа на човечкиот капитал и раст, според кој развојот на когнитивни вештини на општата популација со себе повлекува и континуиран економски напредок.

Земјите со пообразовани жители имаат поголема продуктивност и поквалитетно и побрзо ги решаваат проблемите како што е на пример економската криза.

Инвестирањето во образованието постигнува долгорочни позитивни промени, но многу светски влади, иако се колнат во знаењето, на крајот сепак ја заобиколуваат оваа инвестиција и ја оставаат за во иднина.

Таканаречените „земји на знаењето“ во образованието вложуваат околу 4.21% од БДП, додека земјите од ЕУ вложуваат 5.08% од БДП. Словенија инвестира дури 5.62% од БДП во образованието.

Македонија на листата на OECD се наоѓа на 65-то место од вкупно 76 земји. Додека на врвот се Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван и Финска, Естонија, Швајцарија и Холандија се сместени на средината на табелата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование