X
 14.08.2015 Образование

Започнува вториот и третиот циклус на студии на Универзитетот "Св.Климент Охридски" Битола

1

 

Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ ја започнува реализацијата на Конкурсите за упис на втор циклус на студии (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии.


Идните магистранти имаат можност за избор од 1.185 места од кои 110 се за специјалистички стручни студии. Универзитетот донесе Одлука на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти да бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

За докторските студии УКЛО нуди 111 места на Техничкиот факултет, Педагошки факултет, Факултетот за биотехнички науки и Факултет за информатички и комуникациски техноголии, сите во Битола,  како и на  Факултетот за безбедност – Скопје, Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Технолошко – техничкиот факултет во Велес и на Правениот факултет во Кичево.

Уписите за вториот и третиот циклус студии започнува на 17 август со десетдневна можност за пријавување. Доколку заинтересираните кандидати не успеат да се запишат во првиот уписен рок, тогаш ќе можат да се запишат на следните два уписи, во септември и октомври.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование