X
 14.08.2015 Живот

Запознајте го 3 годишниот Џејмс Туфтс - градоначалник на Дорсет, гратче во Минесота

Можеби новоизбраниот градоначалник на малечкото гратче Дорсет во Минесота има само 3 години, но Џејмс Тафтс точно знае што значи да се биде лидер. „Најважно е да бидеш фин“, вели тој.

 

1


Џејмс станал церемонијален шеф на ова северно туристичко гратче во Минесот во кое живеат околу 22 жители минатиот месец, откако неговото име било извлечено од гласачката кутија за време на фестивалот наречен „Taste of Dorset“. Потребен е 1 долар за секој глас.

Иако е кратко време на функција, се чини дека Џејмс нема проблем кога му велат Г-дин Градоначалник.

„Отсекогаш сакав да бидам градоначалник. Прекрасно е“, вели тој.

 

2


Во кампањата влегол заедно со еден искусен политички советник - неговиот 6 годишен брат Роберт, кој ги полнел весниците додека служел два мандати како градоначалник на 3 и 4 години, па тој го научил како да се поздравува и да ги гледа гласачите директно во очите.

Роберт, кој бил само два дена постар од Џејмс кога прв пат бил избран за градоначалник е среќен што неговиот брат ги следи неговите чекори и станал лицето на градот.

„Мислам дека тие ќе бидат одлични како тим“, вели нивната мајка Ема Туфтс, која се прашува што носи иднината. „Тие ќе бидат запаметени луѓе“, додава таа.

 

3


Идејата за кандидатурата на нејзиниот син ја добила од еден пар чиишто ресторани биле уништеи во пожарот што се случил во есента, и кои и` помогнале на Ема во минатото, нудејќи и` работа. Како последица од пожарот, кој унишител два од вкупно четири ресторани во Дорсет, Туфтс вели дека е многу поважно да и` даде на областа поттик.

„Градот Дорсет беше толку добар со моето семејство, такашто ќе направиме се` што тие ќе ни речат за да им помогнеме“, вели Ема.

Како градоначалник во 2012 и 2013 година Роберт собрал пари за Армијата на спасот и за куќата Роналд МекДоналд и помогнал да се соберат играчки за децата. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот