X
 15.08.2015 Живот

Семинар кој ги учи жените "како да го заведат совршениот маж"

seminar

 

Што и да мислите за мажите кои се посветиле на заведување на жени, слободно може да кажете дека оваа „работа“ не е за жени. Жените, во голема мера не ги интересира висењето по барови и вежбањето невро-лингвистичко програмирање на случајни поминувачи.


Но, Метју Хаси нуди семинар наречен „Find a guy“. На прв поглед се чини како на семинарот жените да седат со нивните свилени шалови, цитирајќи лажни точки. Меѓутоа, изненадувачки е тоа што семинарот не е упатство или водич за заведување на мажи - туку усовршување на себеси и зајакнување на личноста со цел жените да ги реализираат своите цели.

Основачот Мејту Хаси ја започнал кариерата како тренер за врски за мажи, но во 2008 година се префрлил кај жените. Уште во 90-те, тој станува чудо од човек со своите мотивациони говори, а покрај овој семинар, тој води и служба за водич низ животот. Со текот на годините тој стана „експерт за љубов и нов интернационален гуру на сцената за обука за љубовни состаноци и врски“.

На семинарот зборуваше неговиот татко Стив Хасл, кој е интересен и харизматичен говорник кој и тоа како знае како да ја подигне енергијата.

Откако наведе три главни препреки во врска со жените (нивната способноста пронајдат, привлечат и задржат мажи), Стив ги советуваше жените секогаш да бида подготвени и да изгледаат колку што можат попозитивно и поубаво кога ќе излезат во јавност. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот