X
 17.08.2015 Економија

Зошто треба да бидеме загрижени за кинеската економија?

Ова е доста тешка година за Кина. Планот на Премиерот Ли Кечијанг да има побавен но подобар балансиран раст наиде на потешкотии, а обидот на Пекинг да го трансформира својот економски модел предизвика страв дека втората најголема економија во светот може да биде извор на следната глобална криза.

 

кина


Еве зошто експертите се загрижени и во што може да резултира економската криза во Кина.

1. Раст

Кина нема за што да се грижи. Официјалните податоци покажуваат дека економијата е во пораст, со годишна стапка од 7%, вид на проширување за кое западните држави можат само да сонуваат. Но, постојат сомневања за тоа дали официјалните податоци се точни. „The Economist“ разви неофицијален „Кечијанг индекс“ врз основа на сопствената техника на Ли како што се употребата на електрична енергија за да оцени што навистина и` се случува на економијата.

2. Намалување на каматните стапки


Трошоците за позајмување во Кина се намалени агресивно уште од есента 2014 година како одговор на застојот во економијата и вознемиреноста предизвикана од сопствениците на имотите, локалната власт и корпорациите со високи трошоци. Тесната монетарна политика беше еден механизам со кој Пекинг се обиде да го забави темпото на раст во условите на загриженост дека нејзината реакција на глобалнаата финансиска криза е претерана. Последователното намалување на референтната каматна стапка од 6% до рекордното ниско ниво од 4.85% укажува дека креаторите на политиката сметаат дека забавувањето е премногу брзо.

3. Поставување на „здрава“ подлога под берзата

Способноста да купуваат и продаваат акции се сметаше за финансиска зрелост на Кина. Но, кога шангајскиот композитен индекс падна на 30% оваа година, владата презеде акции. Централната банка поддржи купување на акции, фондот поддржан од државата купи акции и менаџерите на фондот спречија продавање се` до опоравувањето на пазарот.

4. Намалување на извозот


Намалувањето на извозот стана официјална владина политика. Но, неодамнешната слабост во продажбата на стоките во странство стана поизразена отколку што се очекуваше и помогна да се придонесе за намалување на светската трговија и падот на цените на производите.

5. Поевтина валута

Како резултат на ослабената економија, Кина го намали девизниот курс на јуанот во три наврати оваа недела. Со тоа Кина е во потрага да го зголеми растот правејќи го извозот поевтин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија