X
 18.08.2015 Образование

Бесплатен колеџ за 2.300 студенти благодарение на ЛеБрон Џејмс

Големите цени за школарина на факултет се застрашувачки, и во најмала рака, ЛеБрон Џејмс го знае тоа - токму затоа фондацијата на НБА ѕвездата заедно со Универзитетот во Акрон одлучија да им дадат шанса на студентите да се запишат бесплатно на колеџ.

 

леброн


Џејмс објави дека неговата фондација ќе обезбеди целосна стипендија на Универзитетот во Акрон за учениците од прогрмата.

Во четвртокот, Џејмс и претседателот на Универзитетот во Акрон, Скот Скарбороу, ја најавија новата иницијатива на еден настан за студенти и за нивните семејства.

„Колеџот не е реалната иднина за многу луѓе. Децата мораат да ја видат завршната линија“, изјави Џејмс.

Фондацијата на семејството ЛеБрон Џејмс, била онована за „позитивно да влијае врз животот на децата и младите луѓе низ образованието и ко-наставните образовни иницијативи“. Една од овие инцијативи е „I promise“, менторска програма која има за цел конкретно да одговори на потребите на едно средно училиште и на средношколците.

Околу 1.100 студенти можат да се квалификуваат за четиригодишната стипендија. Исто така, стотици можат да се приклучат на програмата за менторирање. Првиот клас кој ќе може да се квалификува за програмата матура ќе заврши во 2021 година, а планот се протега за оние кои ќе дипломираат во 2029 година, може да достигне до 2.300 студенти.

Универзитетот и фондацијата се`уште ги немаат дефинирано условите за квалификација, но во најмала рака, учениците ќе мораат да го исполнат бодовниот просек и стандардите на присуство.

Скарбороу исто така изјави дека универзитетот ќе работи со фондацијата во следните години за да собере пари за покривање на школарината и останатите трошоци на студентите кои се околу 9.500 долари годишно.

„Ова значи навистина многу, бидејќи знам како е им е на афро-американските деца - голем дел од нив не ни размислуваат што ќе биде после средно“, изјави Џејмс.

„Човек не може да ја знае иднината. Слушаш средно училиште и матурираш и тогаш мислиш дека никогаш не можеш да одиш подалеку од тоа затоа што твоето семејство не е финансикси стабилно за да те издржува ако одиш на факултет“, додава Џејмс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование