X
 18.08.2015 Живот

Фотографии од Аурора Бореалис какви што не сте виделе досега

На само 25 километри јужно од градот Арарат во Австралија, фотографот Ребека Потер создаде неверојатни фотографии од природниот феномен Аурора Бореалис.

 

1


„На небото се гледаше прекрасен лак на хоризонтот, проследен со колони светлина, како илјадници луѓе да запалиле факели кон небото. Кон крајот, се појави сјај со прекрасни „завеси“ кои имаа бледа боја“, вели Ребека, воодушевена од претставата која ја приреди планетата Земја. 


3

„Прво има период на нова месечина - кога светлината од месечината се гледа сосема малку - плус темни ноќи од средината до крајот на зимата. Сето тоа придонесе за темното небо кое е совршено за набљудувањето на сјајот на Аурора Бореалис, која е доста слаба во поголемиот дел од времето“, вели Џонатан Нали, уредник на веб страната Spaceinfo.com.au.

„Второ, сонцето имаше неколку дополнителни активности - Аурора Бореалис е предизвикана од наелектризираните честички кои излегуваат од сонцето и го напаѓаат горниот дел од атмосферата на Земјата. Колку има поголема соларна активност, толку има поголеми шанси да се види Аурора Бореалис“, додава тој.



4

Ребека успеа да создаде тајмлепс видео од спектакуларното шоу.

 


Quick little time lapse, SOOC 9:15pm to 10:02pm

Posted by JJM Photography on Saturday, August 15, 2015

 


 

Се разбира, социјалните медиуми изобилуваа со илјадници фотографии од корисниците кои успеале да го видат овој природен феномен. Воодушевени, постојано постираа фотографии од прекрасната Поларна светлина.


 


 


 


 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот