X
 18.08.2015 Образование

Норвешки факултет отвора студиска програма за Викинзи

Една норвешка образовна институција започнува програма за студенти „кои сакаат да бидат Викинзи“, во рамките на која студентите ќе учат за основите на викиншките техники, како борба со меч, правење накит и слично.


Курсот се одржува на „Seljord Folkehøgskule“, на оддалеченост од 150 километри од Осло. Поголемиот дел од студентите кои ќе бидат дел од курсот се инспирирани од телевизиските серии како „Игри на престолот“.

Директорот на институцијата изјави за медиумите дека забележале „голем број пријавени кандидати кои се пријавиле од различни причини. Некои се заинтересирани преку телевизиските серии, а други сакаат да ги совладаат вештините и научат техниките.“

Главниот професор на институцијата, Џеп Норман Гарли е од Данска и се опишува како „рекреациски Викинг“. Тој, заедно со останатите професори ќе им нудат уникатни искуства на студентите како изградба на бродови, работа со керамика и дрво и слично.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование