X
 21.08.2015 Култура

VI сезона од "Game of thrones" нема да се снима во Хрватска

дубровник

 

НВО потврди дека 6-та сезона од „Game of thrones“ нема да се сними во Хрватска. Во нивната официјална изјава тие велат:


„Прашањето дали продукцијата ќе се врати во Хрватска во иднина ќе биде решено откако дополнителните сезони ќе бидат официјално објавени. Во тоа време, продукцијата заедно со НВО, ќе ги процени потребите за локацијата врз основа на скриптите и приказните. НВО изразува благодарност до хрватската екипа за нивната континуирана поддршка“, се вели во изјавата.

Градот Дубровник служеше како земјата на кралот уште од 2 сезона, па овие вести велат дека домот на Железниот Трон ќе се појавува помалку во новата сезона. Внатрешните сцени можеби ќе се снимаат на друго место, меѓутоа помала е веројатноста да видиме големи свадби или погреби или други отворени сцени како срамната прошетка на Серсеј.

И покрај тоа што беше седиштето на моќта, „King's landing“  помалку се појавуваше во 5-та сезона, особено сега кога неискусниот Томен седна на Железниот Трон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура