X
 22.08.2015 Култура

ФОТО: Македонскиот музичар Емин Џијан и популарниот диџеј Дерик Меј еуфорично дочекани на нозе



Македонскиот музичар Емин Џијан брилијареше во американски Детроит, на концертот во „Chene park“ во иорганзиација на скопската продуцентска куќа „Излет мјузик“, каде под неговата диригентска палка настапи познатиот диџеј Дерик Меј настапи со Детроитскиот симфониски оркестар. „За мене досега овој концерт имаше најголема важност од причина што музиката која ја претставуваме е родена во Детроит. Дерик е еден од пионерите на техно стилот и ми беше посебно драго што имавме настап токму во Детроит, каде музиката која потекнува од пред 30-ина години и доаѓа од подземјето, сега беше изведена од највисоката музичка институција - Детроитскиот симфониски оркестар, кој по сите параметри е врвен светски оркестар“, рече Емин Џијан.



Публикатата во еуфорија ги наградуваше сите композиции за на самото финале да стане на нозе и целата атмосфера да се претвори во нешто навистина прекрасно.

„Сите танцуваа и се радуваа. Дерик по неколку денови ми кажа дека досега не се случило во Детроит на каков било настан да се собере ваква квалитетна публика составена од уметници, музичари и вистински љубители на музиката. Овој факт само го подигна расположението кај нас и ни потврдува дека сме направиле нешто убаво. Сé уште ни пристигнуваат пофалби и честитки за концертот. Браво за Огнен на храброста и енергијата со која влезе во овој проект. Неговото име во детроитските музички кругови овие денови има потполно друго значење“, додаде Џијан.



На концертот настапија и пијанистот Франческо Тристано, клавијатуристот Џон Диксон и перкусионистот Брус Коб, кој е внук на легендарниот џез тапанар Џимс Коб.

„Јас како диригент бев пресреќен што имав прилика да диргирам со ваков оркестар. Имавме една проба со оркестарот, која беше доволна за музичарите да разберат за што се работи. Изведбата беше беспрекорна. По овој настап не очекуваат настапи во Ница, Франција и настап во Мелбурн, каде ќе имаме заеднички концерт со Џеф Милс“, проача Емин.



Организаторите на детроитскиот концерт истакнуваат дека од Балканот, речии никој досега немал шанса да настапи со овој симфониски оркестар, кој е еден од најстарите во САД.

Инаку станува збор за четврта по ред соработка на „Излет мјузик“, Дерик Меј и Емин Џијан. Првиот настап се случи во Античкиот театар во Охрид заедно со Македонската филхармонија, каде Меј ја презентираше својата електронска музика низ класичен манир, според музичките аранжмани на Џијан. Потоа оваа тројка настапија со Фламанскиот симфониски оркестар во црквата Света Ана во Гент, Белгија, а неодамна и во Париз во прекрасниот парк „Bois de Vincennes“ во рамки на големиот музички фестивал „Weather festival“, каде Меј настапи со симфониска формација од 40 музичари под диригенство на Џијан.

И овој концерт во Детроит беше фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура