X
 27.08.2015 Живот

Какво време не` очекува до крајот на месецот?



Во четврток во Македонија не очекува уште еден просечен летен ден. Сончево и топло. Ќе дува слаб североисточен и северозападен ветер, а во југоисточните и источните предели ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 степени во Маврово и Лазарополе, до 36 степени во Гевгелиија и Валандово.

УВ индексот ќе има вредност 7. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1018 хектопаскали.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови во Македонија не очекува сончево и малку топопло време. Во петок и недела сончево и топло. Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индекс 7.

Претежно сончево со локална облачност ќе биде во сабота и понеделник, максималните температури без отстапување и ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот