X
 31.08.2015 Образование

(Резултати од анкетата) Дали вашиот факултет има фан-страна на "Фејсбук"?

Универзитетите и факултетите во светот се соочуваат со предизвик кога станува збор за социјалните мрежи. Дел од нив сметаат дека тоа е непотребна обврска, а дел ги користат социјалните мрежи дури и за да комуницираат со студентите. Истовремено, експертите од областа на образованието им порачуваат на високообразовните институции да станат дел од светскиот тренд и да се ангажираат околу социјалните мрежи и односот со студентите преку интернет.


Повеќе, ниту интернет-страницата не е доволна за контакт со професорите, продеканите и деканите. Сега, многумина го одбегнуваат и-мејлот и започнуваат директна комуникација, иако студенти. А, кој е подобар начин за директно комуницирање отколку социјалните мрежи? Според британските експерти, факултетите и универзитетите треба да ги користат социјалните мрежи за промоција, но побитно, за комуникација со студентите.

Кој од нашите факултети го следи овој светски тренд?

По кратка анализа на социјалните мрежи на факултетите забележавме дека поголемиот дел од нив имаат фан-страници на „Фејсбук“, а помалку се присутни и на „Твитер“. За жал, значаен дел од факултетите не се активни на социјалните мрежи.

А, што мислат студентите?

Направивме мала анкета за желбите и знаењето на студентите во поглед на активноста на нивните факултети на социјалните мрежи. Во продолжение погледнете ги резултатите од анкетата.













Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование