X
 01.09.2015 Живот

Месечен хороскоп за септември 2015 година

Што ѕвездите ви претскажуваат за почетокот на есенските денови.

 

хороскоп

 

Овен - На Овновите конечно ќе им се насмевне среќата и ќе доживеат финансиски успех. Навистина добар месец што се однесува до вашата професија и бизнис успех. Проблемите со соработниците, колегите, партнерите, не би требало да има, а мирната глава на работа е веќе 50% успех. Овој месец не би требало никој да ви дише во вратот, оние кои се над вас би морале да ве остават да си го работите она што го знаете. Што се однесува до љубовта, ви претстои нешто навистина неочекувано со оглед на тоа што овој период е одличен за флетерување.


Здравје - Никакви генерални проблеми, летниот период беше добар за вашиот имунитет.

Бик - Дали го знаете чувството кога сте уморни, не ви се работи, и најмногу би сакале да останете дома или онака бесцелно да шетате без да морате да работите. Е тоа е краток опис на вашиот хороскоп. Првиот дел од месецот ќе биде во знакот на проблемите, Венера ќе ве бомбардира со негативна енергија, а до почетокот на есента партнерот се' повеќе и повеќе ќе ви обрнува внимание. За оние слободните, едноставно ѕвездите не ви се поклопени, па така нема да ви се случи ништо возбудливо.

Здравје - Да внимаваат сите оние кои имале срцеви заболувања.

Близнаци - Во текот на поголемиот дел од месецот ќе имате многу работа. Вие или вашите соработници бевте на одмор, уживавте и се одморивте, па сега време е да ја завршите работа. Обидете се да не влегувате во нови зделки, затоа што само ќе имате дополнително повеќе работа, па на крајот на месецот ќе бидете преморени. Што се однесува до емотивните односи, имате добри аспекти на семеен план, што значи сите проблеми кои сте ги имале претходно со било кој член од семејството, можат да се решат. Ако сте се скарале, сега е вистинско време да се смирите. Постои една личност која отсекогаш била до вас, што и да ви се случи, а би сакала да ви биде нешто повеќе.

Здравје - Одлично!

Рак - Ве очекува период на лоши финансии. Овој месец ќе влезете во помали финансиски проблеми, само што овој пат треба да ви тргне. Прво што треба да направите е да ги намалите трошоците како знаете и умеете и да се откажете од се што не ви е најпотребно. Во вториот дел од меесецот ќе добиете желба и волја за концентрација и работење. Односите со партнерот ви се одлични, без никакви расправии во текот на целиот месец, а единствена работа што може да ви попречи е промената на вашето расположение. Крајот на месецот е подобар од почетокот, расположението расте, и ќе можите да одите некаде со партнерот. За слободните, од првиот ден на есента започнете во љубовен лов.

Здравје - Здравјето овој месец ќе ви биде променливо, па затоа внимавајте и чувајте се.

Лав - Искористете го сонцето во вашето поле на финансии и ќе бидете добро наградени. Потребно е да вложите труд и иницијатива, а не да очекувате работите да ви паднат од небо. Доста лоша енергија е околу вас и вашето поле на работење. Одлично е човек да ве има како колега и соработник. Финансиски стоите лошо, но на крајот на месецот ќе ви се покаже шанса, па ќе заработите добри пари. Ситуацијата на љубовен план овој месец ви донесува доста убави моменти со саканата личност. Само доколку вашата сакана личност е Лав, тогаш ќе дојде до расправии, но нема да има некои сериозни последици.

Здравје - Силни сте и отпорни, внимавајте на себе и се'  ќе биде во ред.

Девица - Сонцето ви е одличен пријател и овој месец, драги Девици. И понатаму на сила е вашето его, и моќта која ја емитува. А и моќта која влијае врз другите. Септември е месец полн со предизвици, па морате да внимавате нешто да не испуштите. Периодот на годишен одмор заврши и сега е време да се препуштите на работата. Во вториот дел од месецот очекувајте финансиски бум. Моќта на сонцето на вашето љубовно поле ви дава одлични зраци, меѓутоа и покрај тоа, нема да имате некои возбудливи моменти во текот на овој месец. Летната романса ќе стагнира. За оние кои се слободни, за нив не постои депресија овој месец. Поголемиот дел од припадниците на овој знак ќе играат симпатична игра со еден симпатија и ќе уживаат во неа.

Здравје - Астматичарите и сите кои имаат проблем со респираторните органи ќе треба да бидат повнимателни.

Вага - Драги Ваги, септември е месец во кој ќе ви се случуваат важни пресврти, нагли скокови во сите аспекти на животот и воглавно работите ќе одат на подобро. Силната енергија која ја испраќа сонцето, ви помага да ги надминете сите препреки. Финансиите стагнираат од почетокот на месецот, меѓутоа доаѓа подобрување на банкарските сметки во втората декада од месецот. На љубовен план, Венера ќе доминира со вашето поле и ќе предизвика да сте незадоволни во врската. Доколку сте слободни, овој месец ќе им бидете и тоа како привлечни на спротивниот пол, особено Вагите кои во последно време видно се разубавија, кои работеа на себеси и кои знаат како да привлечат внимание.

Здравје -
Поактивни сте од порано, па затоа здравјето ви е и повеќе од одлично.

Шкорпија - Овој месец е ваш; во вистинска смисла на зборот. Ќе имате напредок во работата, а вашите непријатели нема да можат да го игнорираат успехот бидејќи ќе пристигнуваат пофалби од сите страни. Невработените овој месец нека се фрлат во барање на работа, ова е вистинско време за вакво нешто. Вашето незадоволство ќе биде минато, па затоа не бидете песимисти. Доколку сте во врска, овој месец ќе ви донесе мали проблеми на емотивен план, во однос на вашиот партнер. Во вашата врска ќе преовладува мала несигурност, неизвесност за иднината и сите други промени. За слободните, оној кој го сметате за најдобар пријател, има задни намери.

Здравје - Здравјето ќе биде добро во текот на поголемиот дел од месецот, а при крајот се можни проблеми со алергија.

Стрелец - Септември е ваш месец. Ако сега не направите нешто поради кое ќе се гордеете, тогаш нема да го направите ни до крајот на оваа година. Имате поддршка од Јупитер во вашата куќа на работата, а Јупитер е познат само по добро, такашто нема да имате никакви препреки во финансиите. Рацете ви се одврзани и можете да работите се' што досега сте сакале, а не сте можеле или не сте постигнале. Не се плашете од експериментирање, слободно започнете да се занимавате со нешто ново, започнете со необични проекти и ќе ја добиете заслужената награда. На љубовен план ве очекува турбулентен месец; во текот на првите 10 дена ќе бидете скоцентрирани на семејни работи, а со самото тоа ќе имате помалку време за партнерот. Ако сте слободни, можно е познанство во текот на овој месец, но познанството нема да биде долготрајна љубов.

Здравје - Она што ви е потребно е сон.

Јарец
- После неколку месеци одмор, летување, доаѓа период кога малку повеќе ќе се нервирате и ќе се трудите да го исполните она што сте го замислиле. Во вториот дел на месецот, особено во последните 10-тина дена ќе имате чувство како некој да ве проколнал бидејќи ништо нема да ви биде успешно. Ве очекува доста стрес, за секоја ситница ќе мора да се помачите повеќе од било кога, но после дождот доаѓа сонце. Како што и претходно напоменавме, месецот нема да биде добар за вашата работа, но затоа на љубовен план ќе ви биде одлично. Овој месец ќе забележите дека партнерот повеќе се грижи за вас, се обидува да ве насмее и да ве расположи. За оние кои се слободни и вас љубовта ќе ви се насмевне со личност којашто неодамна сте ја запознале, а врз која сте оставиле добар впечаток.

Здравје - Повеќе одмор, помала изложеност на стрес.

Водолија
- Добриот аспект е над вас во текот на целиот месец, па би било навистина штета да не го искористите. Се надеваме дека сте успеале да се одморите во текот на летото и дека сега ќе се сконцентрирате на работата и финансиските резултати. Ќе имате поддршка од сите на работа. Доколку сте во врска, трпението и толеранцијата би морале да бидат основа за уживање во текот на септември. Можни се мали недоразбирања со партнерот во врска со трета личност која е блиска со партнерот, не во смисла на љубомора, туку во врска со некои ставови, размислувања и договори. Доколку сте слободни, сега е одличен период за дружење и оставање на добар впечаток кај непознатите луѓе.

Здравје - Бурен и исцрпувачки месец за вас, па потребен ви е добар одмор.

Риби - Ако не сте вработени, и ако веќе подолго време барате работа, сега е вистинска можност да ја пронајдете. Можеби не работа за каква што мечтаете цел живот, меѓутоа сега е добро да започнете со оваа. Затоа погледнете што се бара, бидете упорни и досадни, чукнете на врата и ќе ви се насмевне среќата. Се чини дека сите родени во знакот на Риби нема да можат да пливаат добро во професионалните води во текот на септември. Оние Риби кои живеат од љубов, овој месец ќе се наоѓаат во рајот. Токму така, рајска ќе биде ситуацијата во текот на септември. Оние кои се слободни ќе запознаат Лав, Девица Ралк или Шкорпија и ќе бидат навистина среќни.

Здравје - Стандардно добро, од почетокот до крајот на месецот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот