X
 03.09.2015 Образование

УКИМ го објави конкурсот за ЕРАЗМУС+ стипендии

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

На конкурсот можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку во втора година на студии.

Рокот за доставување на апликациите е 20 Октомври. Повеќе детали за условите и начинот на аплицирање можете да добиете на овој линк[PDF].

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование