X
 04.09.2015 Живот

Спас за сите љубители на Нутела

нутела 

 

Отворањето на шкафчето и пронаоѓањето на завршена тегла Нутела за голем дел од луѓето претставува вистински кошмар. Но, еден човек од Германија измисли одличен начин како да им помогне на љубителите на Нутела да го заштитат своето „богатство“ од туѓи прсти и лажици.


Следниот месец, љубителите на овој прекрасен чоколаден крем може да се радуваат бидејќи излегува специјално дизајнираниот уред наречен „Nutella Locks“ кој содржи акрилна рамка и катанец, кој спречува подигнување на капачето.

Даниел Скулблох го дизајнирал овој уред со цел никој да не му ја јаде неговата Нутела.

„Како што побарувачката продолжуваше да расте, решивме уредот да го ставиме на eBay“, објаснува тој.

 

нутела


Досега се продадени скоро 1.000 парчиња. Во моментот, производот е достапен само со пред-нарачка на еBay Германија, но тимот веќе направи нова испорака на крајот на август. Со цена од само 9.99 евра, уредот го добивате со два клучеви.

Но, како што вели Даниел, луѓето не треба да го сфаќаат овој уред како сериозен безбедносен уред.

„Акрилот лесно се пробива“, објаснува тој - додавајќи дека повеќето луѓе го купуваат уредот како шега оние на кои им е здосадено другите да им ја крадат Нутелата.

Во меѓувреме, многу родители едноставно сакаат нивните деца да престанат да јадат благо, па единствено решение им е токму „Nutella Locks“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот