X
 04.09.2015 Живот

Вози право, вози здраво! Ревијална трка за нов детски полигон



Донација од Стопанска банка за Град Скопје

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија ќе донира за жителите на Град Скопје интерактивна, едукативна и урбана велосипедска патека / полигон која децата ќе може бесплатно да ја користат да научат правилно да возат велосипед, тротинет, ролерки, скироли, меѓутоа и како правилно и безбедно да учествуваат во сообраќајот. Со едно вакво катче посветено на едукација за чист транспорт вложуваме за почист и поорганизиран град. Избраното идејно решение ќе биде изведено во Парк Македонија на бул. Теодосиј Гологанов спроти Веро2 најдоцна до октомври 2015 година.

За реализација на донацијата Банката ја повикува јавноста да се приклучи на Ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво и заедно да ги промовираме сите форми на чист транспорт! Ревијалната трка ќе започне во недела, на 13.09.2015 од 18 часот пред i-bank store филијалата а целта ќе биде на влезот во Градскиот парк каде Банката ќе организира и голема забава со многу музички и забавни содржини но и награди и изненадувања за посетителите.

Ревијална трка „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“


РЕГИСТРИРАЈ СЕ ТУКА!

Откако ќе го пополните online формуларот очекувајте во текот на денот повратен e-mail со кој ќе Ви биде доделен уникатен број на учесник во ревијалната трка согласно избраната категорија.

На ревијалната трка предвидени се следните категории учесници кои одделно ќе стартуваат да се движат по предвидената патека:

велосипеди
ролерки
тротинети/скироли
детска категорија* (деца до 10 години со кое било од наведените превозни средства) и
родители со бебе колички

На стартот на трката, пред i-bank store во недела 13.09.2015 во 18 часот регистрираните учесници ќе добијат налепница со уникатниот број, додека пак при пристигнување на целта на трката во Градски парк учесниците ќе добиваат сет подароци (маичка, торбичка, каталог и вода). Воедно, сите уникатни броеви ќе учествуваат во извлекувањето на главните награди поделени по категории.

За пристутните гости на настанот, Банката подготвува концерт со многу забава, но и дополнителни содржини, подароци и изненадувања.

Наградите кои ќе се доделат по категории се:
велосипеди - fixie велосипед / GoPro Session камера / спортски комплет
ролерки - спортски комплети (ранец, кацига, штитници)
тротинети/скироли - 2 х спортски комплет (ранец, кацига, штитници, шише за вода, светло)
детска категорија - GoPro Session камера / Детски велосипед + кацига / спортски комплет
родители со бебе колички - fixie велосипед / детско седиште за велосипед со детска кацига / детски мал велосипед и кацига
Како посебна категорија во извлекувањето награди, сите кои ќе учествуваат на online банерот** достапен преку веб страниците во Македонија и секако www.stb.com.mk исто така ќе учествуваат во извлекување за fixie велосипед и GoPro Session камера за време на настанот.

Основни информации и правила за ревијалната трка прочитајте ги на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот