X
 06.09.2015 Култура

Што ако младиот Џофри од "Game of thrones" не беше злобен?

Замислете за момент дека сите оние нејасни теории за паралелни универзуми се вистинити, а потоа сето тоа поврзете го со „Game of thrones“.

 

џофри


Тоа ќе ви даде нова перспектива, и дежурниот негативец од првите неколку сезони, омразениот крал Џофри, во еден од тие универзуми нема да биде толку злобен. Токму ова сценарио го развија неколку генијацли.

На интернет се појави видео монтажа на која добро познатите сцени кои досега сме ги виделе, таму се прикажани во сосема ново светло. Покрај тоа што имате можност да го видете Џофри од сосема поинаков смешен и страшен агол, ова може да послужи и како одличен пример за докажување на важноста на монтажата - еден од најневидливите сегменти на филмската индустрија.

Доколку го гледате видеото ќе видете дека целата серија би можела да биде сосема различна само доколку некој со паметни „сечења“ одлучи да ја изманипулира на поинаков начин.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура