X
 06.09.2015 Технологија

Што се очекува од новиот iPhone?

Новиот паметен телефон од „Apple“, кој ќе биде претставен наредната недела, ќе има карактеристика која се`уште делумно се чува во тајност.

 

ајфон


Имено, иако најголемите обожаватели на iPhone, одамна очекуваат новата верзија да биде опремена со опцијата „Force Touch“, постојат индикации дека револуцијата на екранот на овој паметен телефон ќе биде уште поголема.

„Force touch“ е карактеристика за уредите со екрани на допир, кој овозможува различно ниво на притисок на прстот кој отвора врата за безброј можности.

Сега засега, „Force touch“ се појавува само кај уредите МаcBook и Аpple Watch чиишто екрани имаат само двостепенска разлика на притисокот.

Имајќи го тоа во предвид, iPhone-от ќе има подобрен „Force touch“ кој ќе биде од три степени - ќе разликува обичен допир, нежен притисок со прстите и силен притисок.

Премиерата на новиот паметен телефон е закажана за 9 септември во Сан Франциско, кога покрај новата карактеристика, ќе биде познато и неговото официјално име. Се шпекулира дека ќе се вика iPhone 6S или iPhone 7.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија