X
 07.09.2015 Образование

Финските студенти добиваат кутии за "преживување"

кутија

 

Финскиот град Лахти започна да дели специјално направени „кутии за преживување“ на студентите кои посетуваат колеџи и универзитети во таа област. Пакетите доаѓаат во мала картонска кутија во која се наоѓаат предмети од широк спектар.


Кутиите содржат четки за во кујна, автобуска карта која може да се користи за локални туристички услуги, постелнина, чорапи, долна облека, овесна каша, па дури и ужинка наречена „салмикки“. Кутиите биле внимателно создадени од страна на локалната власт и универзитет за да ги воведе студентите во градот и да им помогне да се населат. Во меѓувреме, малите бизнис компании помогнаа во проектот, а за возврат добија бесплатен маркетинг, како и користење на нивните производи од студентите.

Кутиите станаа доста популарни кај студентите, а некои од нив дури и предложија во кутијата да има и други елементи кои би можеле да бидат вклучени, како на пример катанци за велосипеди кои би спречиле кражба на велосипедите низ градот. Мари Розберг од Универзитетот за применети науки, вели дека се охрабрени и другите градови во Финска за правење на вакви видови на кутии.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование