X
 11.09.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува во наредните 5 (пет) дена?



Во Македонија во петок во утринските часови појава на магла по котлините и долините на реките. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, кои ќе бидат со многу послаб интензитет во однос на денешните. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Во Охридско-Преспанскиот регион се очекува доумерен западен ветер.

Утринските температури од ќе се движат од 11 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.

Во сабота стабилизација на времето во цела Македонија. Ќе биде претежно сончево и топло. Максималните температури ќе достигнат до 19 односно до 29 степени.

Во недела постудено утро, со утрински температури од 6 до 15 степени. Во текот на денот сончево и потопло, а максималните температури ќе достигнат до 20 односно до 30 степени.

Сончево и потопло ќе биде во понеделник и вторник, а максималните дневни температури во понеделник ќе се движат од 21 до 31 степени, а во вторник тие ќе се движат од 22 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот