X
 14.09.2015 Образование

Во Америка децата уште од мали години учат како да станат претприемачи

Оваа недела, децата од поголемиот дел од светот започнаа со училишната година. Во Америка, голем дел од нив започнуваат со пилот програмата спонзорирана и потпомогната од Силиконската долина.

 

компанија


Целта на програмата е подобро да се опреми следната генерација на ученици со вештини од технологијата, науката, инженерството и математиката (STEM) кои се потребни за високо-технолошките работни места на иднината.

Така на пример, Apple дели iPad-и и Macbook компјутери како дел од иницијативата на Белата куќа наречена „ConnectED“; IBM е пионер во STEM училишниот модел наречен P-Tech, кој заедно со Microsoft, SAP и други компании го имплементираат во јавните училишта; и минатата недела Фејсбук изјави дека ќе го прошири своето партнерство со Самит јавните училишта.

Но, една значајна иницијатива се издвојува. Altschool е поддржано од Марк Цукерберг како и фирми како Andressen Horowitz и Founders Fund.

Стартапот обезбедува образование од градинка до 8 одделение во малите училишта кои ги нарекува микро-училишта. Кога детето се запишува, училиштето создава профил од неговите предности и слабости и интереси, кој подоцна се користи за создавање на личен план за учење. Потоа на детето му е дадена неделна листа од индивидуални игрупни активности и вежби кои треба да ги изврши за да ги реализира целите.

Часовите се снимани, а наставниците можат да ги прегледаат видеата за да го следат напредокот. Постои и апликација која овозможува интеракција меѓу наставниците и учениците.

Пристапот се базира на методот Монтесори за инкорпорирање на новата технологија. Целта е училиштата да започнат да користат технолошки алатки, и на наставниците да им се овозможи поголем дел од времето да го помине со децата.

Основачот и извршен директор Макс Вентила, ветеран од Google, води тим на инженери кои се извлечени од значајни компании за да ги создадат алатките за професорите.  „Создаваме алатки кои претставуваат „суперсила“ за наставниците и кои им овозможуваат да бидат поефикасни и поефективни во персонализирањето на учењето на децата, исполнување на нивните индивидуални потреби и почитување на нивниот развој и за крај, комуникација со нивните родители“, вели Каролин Вилсон, директорка на Altschool.

„Она што е најважно е да им се даде предмет кој ќе им значи. Ако имате ученик кој е заинтересиран за спортот или вселената или пак средновековието, ако му дадете материјал кој одговара на неговите интереси, поголеми се шансите ученикот да биде заинтересиран за она што го учи. Ова ќе создаде еден вид на претприемачи подготвени за иднината“, додава Вилсон.

Altschool беше основано во 2013 во Сан Франциско, а оваа есен се прошири на седум локации во Беј областа и околината на Бруклин. Иако е доста скапо, 20.000 долари годишно, сепак побарувачката е силна: оваа есен се пријавија дури 3.000 кандидати, а има само 200 места.

Целта не е само да се прошири самото училиште туку и да се пренеси моделот на други училишта меѓу кои и државните.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование