X
 16.09.2015 Живот

Борис Ефтимовски избран за претседател на регионалното жири на BalCannes во Ровињ, Хрватска


 
Маркетинг директорот на SunWireless и сопственик на порталот Marketing365.mk, Г-дин Борис Ефтимовски е избран за Претседател на жири комисијата на BalCannes, регионалната креативна ревија на која се избираат 25-те најдобри маркетинг проекти во регионот.

За Ефтимовски ова е вкупно трето учество во регионално жири а за прв пат ќе има можност да го предводи, со што ќе стане првиот македонец кој бил претседател на жирито на BalCannes.

“Чест ми е да бидам предводник на жирито кое го сочинуваат врвни професионалци во својата работа и некои од луѓето кои најактивно се вклучени во следењето и развојот на маркетинг индустријата во регионот. Ја користам приликава да ги поканам и нашите домашни маркетинг агенции и компании да се пријават со своите проекти на BalCannes и уште еднаш да докажат дека можат да се носат рамо до рамо со најдобрите креативци од целиот регион” – изјави Борис Ефтимовски.

BalCannes се одржува во склоп на Викенд Медиа Фестивалот кој наредната недела ќе се одржи во Ровињ, Хрватска, а повеќе информации во врска со самиот настан и условите за пријавување може да се погледнат на следниов линк: balcannes.com

Викенд Медиа Фестивал е најголем комуникациски настан во регионот кој на едно место го собира кремот на маркетинг, медиа и ПР јавноста и на кој годишно присуствуваат повеќе од 4000 посетители.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот