X
 17.09.2015 Забава

Северина, Каролина и Дејвид Моралес на плоштадот "Пела" по повод воведувањето на брендот Телеком

По повод воведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, на 19 септември, сабота со почеток во 20:00 часот, пред Порта Македoнија, ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат македонската дива Каролина Гочева, најбараната балканската музичка атракција Северина и култниот продуцент и ди - џеј Дејвид Моралес. Целиот настан ќе го води нашиот Сашко Коцев, со што вистинската забава ќе биде неизоставен дел за сите посетители.




За време на својот настап Каролина ќе се претстави со својот втор албум од проектот „Македонско девојче“, а по повод нејзиното учество на оваа прослава таа изјави: „Средбата со скопската публика за мене од секогаш претставува посебен настан и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе се сретнеме пред Порта Македонија. Ќе се претставам со веќе познатите нумери од албумот „Македонско девојче“ кои имаа свои концертни промоции во неколку градови низ Македонија. Но, овој пат поводот за да ги запееме повторно е воведувањето на брендот – Телеком на македонскиот пазар. Им го честитам овој голем чекор и верувам дека ќе приредиме одлична забава која ќе се памети како и сите нивни досегашни музички настани“.

Веднаш по нејзиниот настап публиката ќе ја има честа да ужива во старите и новите хитови на Северина. „Среќна сум кога луѓето се препознаваат и поддржуваат. Тоа ми се случува секогаш кога настапувам пред македонската публика. Топли луѓе, добар амбиент, супер храна и гостопримство што ви го плени срцето. Тоа е она чувство како кога сте дома. Ги чекам сите кои сакаат добра музика и танцување да дојдат на големиот музички спектакл во Скопје на 19 септември “ - изјави Северина по повод нејзиниот настап пред македонската публика. Како јаготка на шлагот се очекува забавата да кулминира со ди џеј сетот на познатиот Дејвид Моралес.

Забава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија од 1 јули официјално станаа една компанија. Одлуката беше донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на Спогодбата за присоединување.

Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија. Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава