X
 19.09.2015 Колумни

Образованието како клуч за духовно совршенство

Младите луѓе денес, во XXI век, во услови на техничко–технолошки развој се преокупирани со нови промени и нови предизвици што со себе ги носи новиот развој на технологијата и достапноста на секакви информации до младите. Но, дали оваа нова промена во секојдневните активности и воопшто во животот на младите може нешто да придонесе до подобра информираност, едуцираност, образованост, или денешниот развој на технологијата уште повеќе ја уназади и уште повеќе ја изманипулра младината, дури и малите деца.


Денес, најважните работи за младите се социјалните мрежи (facebook, instagram, идруги) и нивното злоупотребување во себе промоција (каде бил/а; каде е; со кој/а е;). Но, уште потрогателно е кога секојдневно сме сведоци како и малите деца се преокупирани со социјалните мрежи и се повеќе се напуштаат маалските детски игри и малите детски расправии и другарувања што дополнително ме загрижува, а треба да ги загрижува и родителите на тие деца, но и тие родители се преокупирани со истите работи, што навистина доаѓа до загриженост за вредностите и суштината на животот. Колку денешната младина навистина издвојува време за правилното користење на овој техничко–технолошки развој, за неговите добри страни како на пример брзото доаѓање до некоја информација, достапноста до многу информации од науката, од образованието, од политиката, и од многу други работи кои можат навистина да ни помогнат во нашето едуцирање, и поголемото знаење. Денес е потребно само малку време за да се дојде до накаква информација има многу книги кој можеме да ги најдеме на интернет пребарувањето кој се онлајн достапни, но дали ова навистина младите денес го практикуваат, или само кога како задолжение ќе се даде најчесто од училиште или факултет да се дојде до некаква информација и тогаш се бара начин за преписка, за copy – paste.

Дали младите се свесни колку е тежок товарот на необразованоста и неедуцираноста на денешната младина преокупираноста се социјалните мрежи и ноќните забави, како и добар smartphone и подобар компјутер (за нормално добра игра) и побрз интернет, да не чека многу време во отварањето на социјалните мрежи. Наместо разговори, разменување на мисли и ставови, денес младите во кафулињата се осветлени во лицата со својот телефон, постојано се слушаат звуци на messenger, и клучното прашање е кои вредности ги негуваат младите, системот на невредности, на неморалност, и неедуцираност, а свесноста за тешкиот товар на тие невредности навистина неможат да го осетат, и неможат да го видат. „Што се богаташите без мудрост, освен свињи згоени со трици; што се сиромасите без знаење, освен магариња осудени да влечат; што е убав и необразуван млад човек, освен папагал накитен со прдуви; Оваа девиза е начин да ја опишам траги–комичната глетка, на необразованите луѓе кој себеси пробуваат да се промовираат во општеството со катастрофални вредности и себеси се доживуваат како луѓе кој имаат полна самодоверба, но во што е насочена таа самодоверба ?

Повторно би се запрашал дали сите овие состојби кој ги наметнува новиот технолошки развој или ние се наметнуваме во него така што го злоупотребуваме. Дали општеството и државата се виновни за ваквата младина каква што ја опишувам, или ние сме криви за состојбата во која денес е државата и општествеото со искривени општествени вредности. Овие двоумици се многу клучни за времето во кое денес живееме, и општиме во него. Но повторно ќе се сведам на тоа дека образованието е клучно во решението и одговорот на овие двоумици, така што ќе цитирам реченица на најголемиот философ во своето доба, Аристотел (384 – 322 п.н.е) кој вели дека „само едуцирани и образовани народи и држави знаат што сакаат“. Оваа реченица е главниот одговор на двоумиците на почетокот кој ги загатнав и јас лично ќе се водам на оваа девиза кој ја наметува Аристотел.

Автор: Стефан Васев, студент на Институт за родови студии, УКИМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни