X
 19.09.2015 Живот

Шведски експеримент покажа дека 6-часовното работно време е подобро

Вработените во САД трошат просечно 47 часа неделно во канцеларија. Еден старечки дом во Шведска покажува дека ова е премногу.


Имено, еден град во Шведска спроведе експеримент поврзан со работните часови на жителите. Наместо осумчасовно работно време било воведено шестчасовно работно време, додека платата останала непроменета.

Овој експеримент бил спроведен во април изминатата година во Гетеборг со надеж дека пократкото работно време ќе влијае на намалувањето на боледувањата и истовремено ќе ја поттикне продуктивноста на работата, со што би се заштедиле државни пари.

Експериментот бил спроведен на вработени во старечки дом. Моделот започнале да го практикуваат и други установи бидејќи негата се зголемила, а работниците имале поквалитетен живот, што им овозможувало подобро да работат, истовремено имајќи време за своето семејство, но и за себе.

Во време кога се живее брзо, сè потешко е да се направи комбинација меѓу семејните и работните обврски. Она што би им олеснило на многумина е флексибилното работно време.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот