X
 20.09.2015 Технологија

Петти TEDxBASSalon настан во Скопје - "Open Data & the Hacking movement"

Ова е ера на интернет достапност, брзо флуктуирачки податоци и куп можности и закани за искористување на истите. Ова истотака е ера во која со помош на 30 секунди пребарување можеме да најдеме отворени датабази за било што, почнувајќи од информации за јавниот транспорт сервис на Осло па се до тајните документи на ФБИ и кодовите за правење на првиот Мекинтош оперативен систем. *


Зошто ни е ова важно и кој и како може се да се искористат овие податоци? Која е идејата позади сето ова, и на кој начин можеме да ја искористиме оваа моќ за подобрување на заедницата и директно да имаме влијание врз владините активности?

Ова се само дел од прашањата кои што ќе се отворат на петтиот TEDxBASSalon настан на тема: “Open Data & the Hacking movement” при што целта ќе биде споделување на успешни примери за искористување на отворените податоци(open data), едуцирање на учесниците за предностите на „граѓанското хакирање“, отворениот пристап на информации и хакирањето како алатка за решавање на нашите секојдневни и општествени проблеми.

Настанот ќе се оддржи во просториите на Бизнис Академија Смилевски - БАС во Скопје. Доколку сте заинтересирано за светот на отворените податоци и сакате да го споделите вашето мислење, можете да аплицирате на: http://bit.ly/1KVxLN2

Крајниот рок за аплицирање е 22.09.2015, 12:00 часот. Само 20 од вас ќе обезбедат свое присуство на TEDxBASSalon дискусијата.

Повеќе за Salon типот на настани и неговите специфичности може да дознаете на следниот линк: https://www.ted.com/participate/organize-a-local-tedx-event/before-you-start/event-types/salon-event .

Настанот е во организација на SmartUp - Creating the geeks of tomorrow во соработка со Бизнис академија Смилевски - БАС, Фондацијата за младински развој и вмрежување и Фондација Метаморфозис.

Настанот на „Фејсбук“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија