X
 20.09.2015 Технологија

Суперкомпјутер кој може да предвиди смрт со 96% сигурност

Бостонските научници направиле суперкомпјутер за кој тврдат дека може да пресмета кога ќе умрете со 96% сигурност. Центарот „Beth Israel“ од Бостон ги поврзал мониторите на своите пациенти со болничкиот состав за кој тврдат дека подобро ги открива болестите отколку лекарите.


Суперкомпјутерот содржи информации за 250.000 луѓе од последните 30 години, а е способен да ги претстави податоците на пациентите и да помогне во донесувањето на брза дијагноза. Раната дијагноза овозможува брзо реагирање и потенцијално спасува живот.

Воедно, компјутерот може да ја предвиди и смртта на пациентот. Овој компјутер знае сè за нас - претходните посети на лекарот и она што се случува со моменталното здравје. Овие податоци потоа покажуваат како ќе реагира нашето тело во иднина.

Д-р Стив Хорнг вели дека целта не е компјутерот да ги замени лекарите. Вештачката интелигенција им помага на лекарите подобро да се грижат за пациентите.

- Може да предвидиме кога ќе умре еден пациент со сигурност од 96%. Ако компјутерот вели дека ќе умрете за 30 дена, веројатно тоа ќе се случи - додава д-р Хорнг.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија