X
 22.09.2015 Култура

Работното место кое го посакуваат 2,3 милиони луѓе

Секој во Индија е свесен за големата стапка на невработеност во државата, но сите го земаат здраво за готово овој факт сè додека не пристигне статистика како оваа до нивните уши.


Имено, на еден оглас за работа биле пријавени 2,3 милиони луѓе, а биле отворени само 389 работни места. За работните места не било потребно повеќе од 5-то одделение кога станува збор за образованието.

Огласот за вработување бил објавен во градот Лакноу, а биле потребни работници во канцеларија кои би извршувале мали обврски. Платата за работното место изнесува 240 долари месечно.

Ситуацијата ја покажа огромната невработеност во земјата. Од тие 2,3 милиони луѓе кои се пријавиле за работата, најмалку 255 имале докторати, а 200.000 имале факултетска диплома.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура